Поранешниот дефанзивец смета дека Ван Нистерлој му работи зад грб на Тен Хаг: Погледнете ја разликата кај Гвардиола

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер Мартион Кион кој во минатото водеше многу дуели со Руд Ван Нистерлој во натпреварите помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед сега испрати критики за Холанѓанецот.

Според Кион кој денес како стручен коментатор редовно ги следи случувањата во англиската Премиер лига, Ван Нистерлој не го дава својот максимум за Тен Хаг да дојде до подобри резултати.

Во јавноста Тен Хаг добива многу критики и сите очекуваат негова смена, а Кион истакнува и дека таа смена ја чека и Ван Нистерлој кој се споменува како негов потенцијален наслендик.

„Гледајќи го Ван Нистерлој покрај аут линијата ми изгледа дека не го дава својот максмум за својот менаџер. Ми изагледа како само да стои сам на страна и чека шанса да го преземе тимот. Скоро и да немаат комуникација со Тен Хаг, погледнете ја само разликата со Пеп Гвардиола и неговите помошпници. Исто така мој впечаток е и дека фудбалерите не го даваат максимумот на теренот“, изјави Кион.

Кион целата своја кариера ја помина во Англија каде што покрај Арсенал играше уште за Брајтон, Астон Вила, Евертон, Лестер, Рединг и Вембли Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани