Антоан Гризман се повлече од репрезентацијата на Франција!

by 24 фудбал
1 минути читање

Прославениот француски репрезентативец Антоан Гризман најави дека повеќе нема да настапува во дресот на националниот тим.

Асот на Атлетико има 33 години и реши дека е време за да се повлече од репрезентацијата на Франција. Тој нагласи дека е пресреќен за досегашните настапи, сеќавања и целото поглавје, но време е за да се прости од репрезентативниот табор.

Благодарен сум за сите спомени во ова неверојатно поглавје од мојот живот, а сега е време за збогум“, кратко напиша Гризман со видео од најдобрите моменти во националниот дрес.

Играјќи за Франција Гризман го освои трофејот на Светското првенство во 2018 година, а се радуваше и во Лигата на нациите. Вкупно одигра 137 меча во дресот на „триколорите“, даде 44 гола и 38 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани