Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, уште во првото полувреме поцрвене во дербито со Тотнем и неговиот тим загуби со 0-3.
Веројатно црвениот картон не беше клучен, но допринесе за резултатот да биде таков каков што беше. По крајот на средбата, Португалецот се појави пред медиумите и зборуваше за ситуацијата.
„Сакав да излезам и да разговарам со новинарите бидејќи сум таков. Играчите го заслужија тоа, бидејќи останавме со десетмина до крајот на мечот. Јас бев исклучен, јас сум тој што ги изневери останатите. Тимот покажа многу карактер, борбеност, отпор, а не беше лесно. Според мене, тоа не беше за црвен картон, барем јас така сметам. Се сложувам дека е фаул, судијата се обиде да ми каже дека видел јасен контакт со ѓонот на копачката – но не беше така. Не го допрев со долниот дел на копачката. Да ми дадеше жолт картон бидејќи тргнаа во контра ќе се сложев, но не и за повеќе од тоа“, изјави Фернандеш.
Ова беше прв црвен картон во кариерата за Бруно Фернандеш.