118
Екипата на Наполи по шест кола е нов лидер во Серија А, откако славеше дома против Монца со 2-0.
Избраниците на Диего Симеоне рутински го решија мечот во своја корист. Уште во првото полувреме стекнаа двојна предност и си го трасираа патот до победата.
Резултатот го отвори Матео Политано во 22 минута откако се проби во шеснаесетникот и стрела за 1-0. Потоа Квича Кварацкелија ја удвои предноста на домаќините во 33 минута, а тој гол се испостави како последен.
Наполи сега има 13 бода со што е водечка екипа во калчото пред Јувентус кој има 12.