Лицемерот Дани Алвеш, Бразилецот му го сврте грбот на Пеп и си го погази зборот по само две недели

by
1 минути читање

Бразилецот
минатиот месец пред време го раскина договорот со Јувентус зошто требаше да
потпише со Манчестер Сити и одново да соработува со Пеп Гвардиола.

На фановите на Јуве не им се допадна потегот на Дани Алвеш, па пристигнаа
голем број критики на негова адреса.

Кога се збогува
со „Старата Дама“, тој се извини и ја образложи својата одлука: „Не играм
фудбал за пари, играм бидејќи ја сакам оваа професија и луѓето кои се дел од
неа. Ви оставам на вас да ми судите што сум направил и за што сум се борел
.

„ГО ОБОЖАМ
ФУДБАЛОТ и парите никогаш нема да ме однесат на друго место
.

Но Дани Алвеш
сега нема да заврши во Сити, и покрај тоа што практично се беше договорено и
тој минатата недела беше на вечера со Пеп Гвардиола.

ПСЖ во последен
момент достави богата понуда, и парите пресудија за иднината на Бразилецот.

Во Париз десниот
бек ќе заработува околу 230.000 фунти неделно (околу 260.000 евра), додека пак
понудата на „Граѓните“ била речиси двојно помалку, односно 120.000 фунти (околу
135.000 евра).

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани