Челси во офанзива, на Стемфорд Бриџ наскоро пристигнува нов напаѓач

by
1 минути читање

Челси е во офанзива, од разни медиуми има разни шпекулации, „Скај Спорт“ пишува „сините“ понудиле 70 милиони фунти за Обамејанг.

Напаѓачот на Борусија Дортмунд летово ќе го напушти германскиот клуб, тој е мета на неколку клубови, покрај Челси за неговиот потпис се интересираат и Милан и ПСЖ.

Во италијанските медиуми се пишува дека Челси нуди огромна сума и за ѕвездата на Торино, Андреа Белоти кој исто така е цел на Антонио Конте.

Челси е во преговори и со Реал Мадрид за ангажман на Алваро Мората кој требаше да заврши во Манчестер јунајтед.

Клубот преговара за сите тројца напаѓачи, но најверојатно само еден од нив ќе пристигне на Стемфорд Бриџ и ќе го замени Диего Коста кој би требало ова лето да замине од Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани