Цаке: Не смееме да паднеме на провокации, на теренот и надвор од него

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Шкендија е домаќин на Вардар во една од дерби пресметките во Првата македонска фудбалска лига. Тетовчани се фаворит во дуелот против лутиот ривал од Скопје кој последните години мака мачеше со разни проблеми.

Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе Клинсман Цаке. Дефанзивецот на тетовчани е оптимист за позитивен резултат.

За нас ова е многу важен натпревар, го чекаме во добра атмосфера и очекуваме победа. Сите играчи, целиот град знаат колку е важен овој натпревар за нас, тоа е дерби и мораме да дадеме максимум. Знаеме дека публиката ќе биде многубројна и очекуваме силна поддршка. Се надевам дека нема да паднат на провокациите кои секогаш се обидуваат да ни ги направат и на теренот и надвор од него. Единствено ветување кое може да го дадеме е дека ќе дадеме сè од себе за на крајот да славиме заедно“, рече дефанзивецот на Шкендија.

Натпреварот во Тетово ќе се игра во терминот од 14:00 часот, како и останатите мечеви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани