Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор со Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ заработи тешка повреда на коленото во април и се очекува да му се врати на фудбалот околу нова година.

И покрај тоа што официјално беше отпуштен од Манчестер јунајтед, тој се уште е таму, во тренинг центарот на „црвените ѓаволи“ каде се опоравува од повредата.

Според „Сан“ медицинскиот тим на Манчестер јунајтед е зачуден од брзото опоравување на Златан Ибрахимовиќ и клубот подготвува нов договор за Швеѓанецот кој ќе биде потпишан пред неговото враќање на теренот.

Ибрахимовиќ има понуди од МЛС, Кина и неколку европски клубови, но неговата желба е да продолжи во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани