Како Баерн го договoрил Родригез, се започнало со еден телефонски повик на Анчелоти

by
1 минути читање

Шампионот на Германија вчера реализираше „трансфер бомба“, на Алианц Арена пристигнува Хамес Родригез.

Трансферот е прилично изненадувачки со оглед на тоа дека Баерн Минхен за прв пат посериозно се спомна во понеделникот.

Медиумите од Колумбија сега откриваат повеќе детали од зделката и како се било завршено за кратко време.

Новинарот Хавиер Ернандез Бонет, кој прв ги соопшти вестите за понудата на Баерн, вели дека се започнало со еден телефонски повик од Карло Анчелоти.

„Потребен си ми тука“ – му порачал Италијанецот на Хамес Родригез.

„Хамес требаше во неделата да патува за Мадрид за да се пoјави на прозивката во понеделникот и стартот на подготовките за новата сезона, но на телефон му се јави Анчелоти во петокот“ – открива Бонет.

Одговорот на Хамес Родригез бил: „Тренеру, доаѓам. Сега ќе му се јавам на Жорж Мендеш“.

Хамес Родригез и Карло Анчелоти добро се познаат бидејќи заедно работеа во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани