Лаутаро ги постигна првите голови во сезоната, Интер подобар од Удинезе (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во рамките од шестото коло во Серија А, Интер славеше победа од 3:2 против Удинезе, а навивачите сигурно посебно ги радуваат двата голови на Лаутаро Мартинез.

Интер до предност дојде по само 42 секунди кога Фратези ја искористи асистенцијата на Дармијан. По нешто повеќе од половина час Удинезе преку Кабуселе дојде до изедначување.

Сепак, Лаутаро со својот прв гол во сезоната во завршницата од првиот дел обезбеди предност за својот тим на паузата. Во листата на стрелци, Лаутаро се запиша и на стартот од второто полувреме.

Лука Лоренцо кон крајот на средбата ги постави конечните 3:2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани