Хаос каков што ретко се гледа: Фудбалер погоден со нож на дербито во Колумбија (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

На дербито од 10. коло во Колумбија помеѓу Атлетико Национал и Атлетико Јуниор кое се играше во Меделин се случуваше вистински хаос.

Домаќините имаа предност од 2:0, а по постигнувањето на вториот гол гостинските навивачите почнаа да фрлаат предмети кон играчите на теренот и навивачите.

На снимките кои се објавени може да се види како еден од фудбалерите бил погоден со нож во главата. Фудбалерот имал среќа и ножот го погодил со задната страна, па така поминал и без посериозни повреди.

Кога домашните навивачи го забележаа тој момент жестоко тргнаа кон гостинската трибини и тука следуваа огромни нереди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани