Челси го возвраќа ударот и добива една трансфер битка со Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Фудбалерот од средниот ред на Монако, Бакајоко е веќе во Лондон каде треба да ги помине медицинските прегледи со Челси и да стави потпис на договор со англискиот шампион.

Информациите велеа дека сериозен во трката е и Манчестер јунајтед, но сега тврдат дека Мурињо се откажал од интересот за Бакајоко.

Тој ќе биде трето засилување за Челси во овој преоден рок по Кабалеро и Ридигер.

Манчестер јунајтед сега ќе се сврти кон Немања Матиќ или Ерик Дајер од Тотенхем кои се играчи на листата на Ед Вудворд предложени од Жозе Мурињо.

Челси е подготвен да го продаде Немања Матиќ, но најпрво треба да го комплетира трансферот на Бакајоко.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани