Откриени бројките од трансферот на Хамес Родригез, гигантите ретко прават ваква зделка

by
3 минути читање

На големо
изненадување, „Баварците“ денеска пренесоа дека Хамес Родригез пристигнува на
Алианц Арена.

Колумбиецот со
месеци се поврзуваше со трансфер во Премиерлигата или пак ПСЖ, а името на Баерн
се појави дури вчера.

Името на новиот
клуб на Хамес Родригез не е единственото изненадување, начинот на кој е
комплетирана зделката е исто така зачудувачки.

Два гиганта, ретко прават вакви здели, а слободно може да се каже и дека Баерн
Минхен помина одлично.

Плејмејкерот во
Минхен пристигнува на позајмица до 2019, Баерн има опција да го купи играчот,
но таа не е обврзувачка.

За позајмицата,
шампионот на Германија ќе плати 10 милиони евра, односно 5 милиони евра за секоја од
годините, па доколку фудбалерот не се снајде најдобро, тие нема да загубат многу.

Од друга страна, „Баварците“ ќе треба да одвојат и помеѓу 35 и 40 милиони евра доколку одлучат во
целост да го купат Хамес Родригез, што воопшто не е всиока сума доколку тој блесне во Минхен и го покаже својот потенцијал.

Па со вакви
бројки, Реал ќе остане краток за 20 милиони евра од сумата која ја посакуваше.

Мала утеха за
„Кралевите“ можеби е тоа што Баерн барем во целост ќе ја плаќа платата на
играчот, и тие нема да треба да одвојуваат пари за фудбалер кој нема иднина на
Бернабеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани