Тренерот на Барселона, Ханси Флик вели дека е пријатно изненаден од Жил Кунде, открива дека дефанзивецот оди да тренира по секој натпревар.
Ханси Флик изминатово лето седна на жекото столче на Барселона, па и покрај тоа што „каталонците“ се уште се мачат на финансиски план, тој одлично ги склопи коцките на стартот од сезоната и нареди 7 победи во Ла Лига.
Во пресрет на натпреварот против Осасуна, Германецот сега откри дека е прилично изненаден од еден играч – Жил Кунде.
„Она што го прави Кунде е неверојатно, не сум видел таков фудбалер претходно. После секој натпревар, тој оди да тренира! Ти му велиш да работи со физиотерапевт, тој вели НЕ и оди да тренира“ – вели тренерот на Барса.
„На извонреден начин се грижи за своето тело, секогаш е желен да напредне, да забележи прогрес“.
„Сака да го даде максимумот на секој тренинг, ваквото однесување е невообичаено, но е многу добро“.