Фудбалерите на Јувентус по поразот во домашното првенство од Сасуоло се врат ина победите во Лига Европа каде што вечерва убедливо го совладаа холандскит НЕЦ Нијемеген со 5-0.
Серијата голови ја отвори Нико Гонзалес уште во деветата минута по грешката на гостинскиот голман, а во продолжение погодуваа фудбалерите кои го засилија тимот од Торино. Прво Алајбеговиќ со силен удар ја погоди мрежата во 24-тата минута, додека десет минути подоцна од пенал во листата на стрелци се запиша Волтмаде.
Во второто полувреме Јувентус играше сигурно, но без премногу прилики. За конечните 5-0 се погрижија Зеки Челиќ и Коло Муани, фудбалери кои исто така летово се приклучија на „старата дама“.
Дербито во Истанбул помеѓу Бешикташ и Марсеј им припадна на домаќините кои беа подобри со 4-1. Факил го отвори резултатот по 15 минути игра, а Абделах на истекот на 30-тата минута израмни, сепак тоа беше се од Французите.
Домашниот состав во второт полувреме преку Черни, Мурлио и Поку стигна до сигурен триумф.
Голови имаше и на останатите средби, Ројал Унион на гости кај Викторј Плзен победи со 3-0, Бормут исто така како гостин беше подобар од Сосиедад со 3-0, Фернцварош во Шкотска против Селтик се радуваше на победа од 3-1, Кристал Палас дома го совлада Лех со 4-0 и Торенсе се враќа од Норвешка кај Лилстром со триумф од 2-1.