Изненадување, Хамес Родригез во Баерн и тоа на позајмица!

by
2 минути читање

Хамес Родригез го
напушта Реал Мадрид, но не за преселба во ПСЖ или пак авантура во Премиерлигата
како што долго време се најавуваше.

На големо
изненадување, Баерн Минхен се договори со „Кралевите“, Колумбиецот ќе се
пресели на Алианц Арена на две годишна позајмица а „Баварците“ ќе имаат опција
во целост да го откупат играчот.

„Реал Мадрид и
Баерн Минхен денеска го договорија трансферот на Хамес Родригез
– гласеше известувањето.

„Двата клуба си
подадоа рака за две годишна позајмица, а Баерн ќе има опција во целост да го
откупи играчот“.

„Хамес Родригез
ќе стави потпис на договорот откако ќе ги помине редовните лекарски прегледи
.

Генералниот
извршен директор, Карл Хајнц Румениге вели дека Хамес Родригез бил на врвот на листата со желби на тренерот Карло Анчелоти.

„Задоволни сме
што го договоривме трансферот
– вели Румениге.

„Хамес Родригез
беше најголемата желба на нашиот тренер Карло Анчелоти, двајцата одлично
соработуваа во Реал Мадрид
.

„Тој е сестран
фудбалер, постигнува голови, асистира и знае опасно да се закани од
прекин
.

„Нема сомнеж,
неговиот трансфер ќе го зголеми квалитетот на тимот
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани