Солскјер одби неколку понуди, но ако пристигне од Манчестер Јунајтед – не би кажал „не“!

by Стефан
1 минути читање

Ситуацијата во Манчестер Јунајтед е честа тема во медиумите, додека навивачите сакаат што побрзо да дојде до смена на Ерик Тен Хаг, а сега легендата на клубот која веќе еднаш седеше на клупата се понуди да се врати.

Оле Гунар Солскјер во овој момент е без ангажман и во текот на летото одби понуди од клубови од МЛС и Саудиска Арабија. Сепак, Норвежанецот вели дека понуда од Јунајтед не би одбил.

За Солскјер Јунајтед е нешто како семејство, па така вели дека не би можел да каже „не“.

„Ако семејството ве праша, секако дека одговорот би бил „да“. Не би сакал да зборувам повеќе бидејќи Јунајтед има тренер и не е во ред“, изјави Солскјер.

Ерик Тен Хаг со Манчестер Јунајтед, посебно лош учинок има во Европа каде што има една победа на последните девет натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани