Лукаку откри од кого побарал дозвола да ја промени бројката на дресот во Јунајтед

by
1 минути читање

Напаѓачот
започнува нова авантура, Ромелу Лукаку денеска се обврза кон најтрофејниот клуб
од Англија во следните пет години.

Се очекуваше во Манчестер јунајтед тој да го задржи бројот 10 од Евертон со оглед на тоа
дека Вејн Руни го напушти клубот.

Но Белгиецот се
реши на промена и во иднина ќе ја носи „деветката“ на грбот. За оваа тој дури побарал дозвола од Златан Ибрахимовиќ.

„Играв со бројот
10 бидејќи мојата мајка е родена на 10. октомври
– открива Лукаку.

„Но сега го
побарав бројот 9 бидејќи сум напаѓач. Напаѓачите ја носат „деветката“. За ова
побарав дозвола од Златан Ибрахимовиќ
.

„Сакам да му се
заблагодарам што ми дозволи да го носам овој број
.

Бројот 9 минатата
сезона беше резервиран за Златан Ибрахимовиќ, и веројатно „деветката“ ќе му припаднеше на Швеѓанецот и во новата сезона доколку не беше незгодната повреда
која ќе го одалечи од терените со месеци, причина поради која не доби нов
договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани