„Дејли Мејл“ открива: Постои една голема причина за враќањето на Руни во Евертон (ФОТО)

by
2 минути читање

Како што
пренесува „Дејли Мејл“, се вели дека плановите на Евертон да го врати Вејн Руни
во своите редови како идеја се јавиле во ноември, истата се оствари ова лето,
но немало да се реализира доколку во „мисијата“ не бил вклучен Данкан Фергусон.

Поранешниот
фудбалер на Евертон, моментално дел од стручниот штаб на чело со Роналд Куман,
бил во голема мера вклучен во мисијата да се врати Руни во тимот од каде
премина во редовите на Манчестер јунајтед.

Шкотланѓанецот е
легенда на тимот од „Гудисон Парк“, но, истовремено е идол на Вејн Руни од
неговото детство
.

Вејн Руни (десно)
со својот идол Данкан Фергусон во 1997. година. Инаку останатите на
фотографијата се браќата на Вејн Руни, Џон и Грахам.

За големината на
нивното пријателство говори и фактот што пред две години, Вејн Руни повторно го
облече плавиот дрес најмногу поради својот голем идол од детството, за време на
еден натпревар со кој Шкотланѓанецот го објави своето пензионирање.

„Дејли Мејл“
пишува дека само за Фергусон, Руни би направил такво нешто, ако се земе во
предвид фактот што истовремено беше капитен на Манчестер јунајтед.

Вреди да се
издвои дека Данкан Фергусон е голема легенда на Евертон, во тимот од „Гудисон
Парк“ мина цели 10 години, во неколку наврати, бележејќи
232 настапи за овој клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани