Валеро успешно ги мина медицинските прегледи, Интер доби големо засилување во средниот ред

by
1 минути читање

32 годишниот
Борха Валеро е нов фудбалер на Интер, откако искусниот фудбалер од средниот ред
успешно ги мина медицинските прегледи Милано.

Шпанецот беше
вистински мотор во тимот на Фиорентина каде мина пет сезони.

За тоа колкаво
беше значењето на Валеро за „Виолетовите“ говори и
гестот кој му го приредија фановите на Фиорентина пред неговиот дом, молејќи го фудбалерот да не гонапушти нивниот омилен тим.

Како клуб,
сакаме да се заблагодариме на прекрасните пет години кои ги минавме заедно со
Борха Валеро, му посакуваме многу среќа во иднина
“ се вели во соопштението на
Фиорентина.

Се очекува Валеро да го замени во средниот ред на Интер, Евер Банега кој по подолг период се врати во редовите на шпанска
Севилја.

Интер за
ангажманот на Валеро ќе издвои 7 милиони евра, онолку колку што ќе добие
Фиорентина како обештетување за својот веќе поранешен фудбалер.

Сеуште не се познати деталите околу личните услови на Банега во договорот со Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани