Себаљос добива дел од понудата на Реал Мадрид, познати се деталите

by
1 минути читање

Европскиот првак
Реал Мадрид се надева дека ќе ја добие битката за Дани Себаљос со својот голем
ривал Барселона, откако ги исполни условите во потенцијалниот трансфер, ја
испрати понудата од 15 милиони евра, онолку колку што изнесува откупната
клаузула во договорот на фудбалерот, притоа Себаљос лично ќе добие
околу 2.5 до 3
милиони евра.

Очекувањата се
дека Себаљос ќе потпише шестгодишен договор со овосезонскиот шампион на
Шпанија.

Дека Себаљос има
договор со тимот од Мадрид говорат и најавите на претседателот на Бетис, Ангел
Харо.

Тој има договор
со Реал Мадрид и ние разговараме во моментов, се ќе биде решено во следните
денови, или пак часеви
“ изјави Харо.

Шампионот на
Шпанија ќе издвои 18 милиони евра за Себаљос, и покрај тоа што откупната клаузула
за него изнесува 15 милиони евра, со тоа тимот од Мадрид сака да се осигура
дека нема да го загуби фудбалерот за кого сериозен интерес истовремено пријавува и
Барселона.

Себаљос
го освои признанието за најдобар фудбалер на Европското Првенство во Полска за
фудбалери до 21 годишна возраст, со што го потврди својот раскошен талент кого
го поседува.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани