142
По четири години Ненад Бјелица се враќа на тренерското столче на Динамо Загреб, овојпат ќе има задача да го врати славниот тим на победничките патеки.
Бјелица стана слободен тренер откако доби отказ од Унион Берлин минатата сезона, а негов нов ангажман ќе биде Динамо Загреб за кој ќе дебитира уште престојниот викенд.
Тој беше тренер на Динамо Загреб од 2018 до 2020 година.
Според хрватските медиуми, Динамо на Бјелица ќе му плати најмалку три милиони евра за ангажманот.
Динамо Загреб наредни неколку срамни порази, прими девет гола од Баерн Минхен и четири од Славен Белупо по што раководството реши да оди со скапо, но проверено решение.