Челси го загуби Лукаку, но има алтернатива во Бундеслигата која вреди 70 милиони евра

by
1 минути читање

Белгиецот Лукаку
и дефинитивно се сели во редовите на Манчестер јунајтед, за ова навремено се погрижил
португалскиот стратег Жозе Мурињо,
еден детал во голема мера го реши исходот од овој трансфер.

Лукаку беше
голема желба на Челси кој правеше крајни напори да го врати во своите редови,
тимот од Лондон не одигра паметно во овој случај со Евертон, но се чини дека ја сфати својата грешка, па во следните вакви ситуации истата ќе ја корегира.

Сега, прва желба
на шампионот на Премиерлигата е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Габонецот Пјер-Емерик Обамејанг, кој се јавува како алтернатива за пропаднатиот трансфер на Лукаку во
Челси, тука може да се вметне и Алваро Мората, кој исто така е желба на тимот
на Антонио Конте.

Обамејанг има
понуда од ПСЖ, но во овој момент Габонецот има нескриена желба да настапува во
Премиерлигата.

Според
информациите кои пристигнуваат, Челси веќе е запознаен за деталите за ангажман
на Обамејанг, првичната сума која наводно ја бараат челниците на германскиот
бундеслигаш изнесува 70 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани