Официјално: Лукаку е нов фудбалер на Манчестер јунајтед

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед го официјализираше второто засилување ова лето, по Виктор Линделоф од Бенфика, со доаѓањето на Ромелу
Лукаку од редовите на Евертон, со тоа тимот од „Олд Трафорд“ го победи својот
ривал Челси во големата битка за одличниот напаѓач.

24 годишниот
фудбалер се пресели во Манчестер за сума од 75 милиони фунти, што го прави
најскапиот напаѓач во историјата на англискиот фудбал.

Што се однесува
пак до личните услови на Лукаку, тој потпиша петгодишен договор, ќе има неделна
плата од 200,000 фунти, со опција која му овозможува да го продолжи договорот
со клубот на уште една додатна година.

Говорејќи за
новото засилување, португалскиот стратег Жозе Мурињо издвои дека Лукаку ја одбрал вистинската дестинација
за развојот во неговата фудбалска кариера.

Ромелу е одличен
за нашиот тим, многу е одговорен, тој е голем фудбалер, сака да ја развива
својата кариера во поголемите клубови. Одлично е тоа што ќе соработуваме
повторно
“ изјави Мурињо кој соработуваше еден период со Белгиецот во Челси.


Лукаку изрази голема благодарност до Евертон како клуб, и неговите фанови, притоа откри дека опцијата да игра во Манчестер јунајтед му била животна шанса.

Би сакал да им
се заблагодарам на навивачите на Евертон и управата на клубот за прекрасните
четири години минати таму, стекнав многу пријатели таму и имав прекрасни
моменти. Кога Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо тропнаа на вратата, тоа беше
животна шанса за мене и опција која не можев да ја одбијам
“ изјави Лукаку за
официјалниот клупски сајт на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани