Мендеш против Рајола: Кој агент може да состави подобар тим (ФОТО)

by
2 минути читање

Милионските
трансфери на фудбалскиот пазар во Европа имаат две имиња и презимиња
: Жорж Мендеш и Мино Рајола, кои
монополизираат со поголемите трансфери во последните неколку години.

Со трансферот на
Лукаку, од Евертон во Манчестер јунајтед за сума од 85 милиони евра,
италијанскиот фудбалски агент Рајола, заврши уште една голема зделка.

Што се однесува
пак до тоа кој колку е успешен засега, односно колку милиони се свртеле досега
од страна на овие фудбалски агенти досега, вреди да се напомене дека составот
на Хорхе Мендеш изнесува 865 милиони евра, додека пак оној на Мино Рајола 583
милиони евра.

Португалецот
Мендеш заврши голема работа околу неколку големи трансфери, ќе се издвојат оние
на Ди Марија, неговите трансфери ги чинеа клубовите 179 милиони евра, Хамес
Родригез 128, Кристијано Роналдо 113, Фалкао 103, а вреди да се издвојат и
последните трансфери на Едерсон и Бернардо Силва во Манчестер Сити, за 40,
односно 50 милиони евра.

Рајола
партиципираше во два големи трансфери сегашното и ланското лето со Манчестер јунајтед,
каде го реализираше трансферот на Погба за 105 милиони евра, и последниот на
Лукаку за цели 85 милиони евра. Ќе ги издвоиме и преселбите на Ибрахимовиќ,
каде вкупно клубовите платиле 169 милиони евра, понатаму следуваат Балотели (69),
Михтарјан (69)…

Споредбата ја
направи шпанска „Марка“, и двата тима добија формациска поставеност од 3-4-3.

Извор/Фото-вест/Графички приказ: marca.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани