Румениге: Немаме договор со Јувентус за Даглас Коста, но…

by
1 минути читање

Бразилецот е на врвот од листата со желби на Масимо Алегри, и шампионот на Италија со недели се обидува да го донесе Даглас Коста во Торино.

Но Баерн Минхен не сака лесно да се откаже од играчот и постави цена од 50 милиони евра.

Изминатиов викенд се појавија голем број на стории кои велеа дека двете страни конечно постигнале договор.

Карл Хајнц Румениге вели дека ваквите написи не се точни, но објасни дека преговорите се во напредна фаза и двата клуба наскоро би можеле да си подадат рака.

„Се уште нема договор“ – вели генералниот извршен директор на „Баварците“.

„Но преговорите се конкретни и позитивни и бележат добар напредок“.

„Денес ништо не можеме да соопштиме, но наскоро би можеле да си подадеме рака“.

„Играчот ни кажа дека сака да ја промени средината, и ќе му дозволиме доколку ја добиеме сумата која ја бараме“.

Јувентус нема финансиска моќ да искешира 50 милиони евра, па двете страни се обидуваат да изнајдат одредена формула.

Се говори за две годишна позајмица за која ќе бидат платени околу 10 милиони и опција Јувентус во целост да го откупи играчот за 30 милиони евра во 2019.

„Старата Дама“ ќе плати и уште неколку милиони евра во најразлични бонуси кои лесно ќе можат да се остварат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани