Германската фудбалска легенда Јенс Леман се најде во проблеми со законот, откако полицијата го фати како управува со автомобил во алкохолизирана состојба.
Поранешниот голман кој имаше завидна кариера на овогодинешното издание на „Октоберфест“ веројатно претерал со пивото. Според обвинителството, Леман бил стопиран од страна на полициските службеници. Тие веднаш забележале мирис на алкохол, па сакале да му направат алкотест.
Леман бил до толку пијан, што не можел да оди нормално, ниту да го направи алкотестот. Истиот му бил направен преку крв, а потоа му била одземена возачката дозвола.
Ова не е првпат Јенс Леман да има проблеми со законот, особено при возење. И досега имал казни поради користење на телефон, возење во алкохолизирана состојба…