Челси почна со подготовките, од Диего Коста ни трага ни глас

by
1 минути читање

Шампионот на
Англија заврши со одморот, играчите денеска се вратија во Лондон.

Но едно име не се
појави на првиот ден од прозивката, од Диего Коста нема ни трага ни глас.

Антонио Конте
минатиот месец го извести Бразилецот со шпански пасош дека повеќе не е дел од
неговите планови и може да замине од Стемфорд Бриџ.

Диего Коста е
разочаран од манирот на кој менаџерот му ги соопштил вестите, па повеќе не сака
да го види Италијанецот.

Па за да нема
дополнителни тензии и непотребно привлекување на внимание,  извор близок до Челси вели дека на напаѓачот
му бил даден продолжен одмор.

Голгетерот сака
само враќање во Атлетико, па „Сините“ се во преговори со клубот од Мадрид и се
очекува двете страни да постигнат договор и покрај тоа што „Колчонероси“ имаат
забрана за трансфери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани