Рамос ја открива тајната зошто постигнува толку голови во последните минути

by
1 минути читање

За одбрамбен фудбалер Серхио Рамос покажува одлично чувство за гол и многу често ги тресе противничките мрежи и носи значајни победи на Реал Мадрид.

Во интервју за „Марка“, Рамос ја открива тајната за неговиот успех во противничкиот шеснаесетник.

„Големо влијание има тоа што како дете играв како напаѓач, постигнував голови и секогаш ги имитирав прославите на напаѓачите како Роналдо. Тоа ми помага да сум покомфорен во офанзивните ситуации и да реагирам поинаку од другите дефанзивци кои не играле како напаѓачи во детството“ – вели Серхио Рамос.

„Важно за постигнувањето на головите е и работата на тренинзите и конекцијата со оние кои нафрлуваат, Тони Крос, Лука Модриќ, Хамес Родригез. Таа координација, гестикулација, надополнета со физичка сила и тренинг се исплати. Не секогаш се постигнуваат голови, но мора континуирано да се тренира. И додека одевме на плажа со татко ми, тој ме потсетуваше на тие најважни вежби. Движењето, прегледноста, синхронизација…“.

„Вистина е дека во последните години противничките дефанзивци посебно внимаваат на мене. Не е нормално двајца или тројца да ме чуваат, но од тоа корист имаат моите соиграчи бидејќи јас ги повлекувам противниците и им ја олеснувам позицијата на другите, како Касемиро кој постигна гол против Барселона, или Пепе кој даде гол на дербито. Тоа е таа корист“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани