99
Откако го комплетираат трансферот на Лаказет од Лион, Арсен Венгер сака да донесе најмалку уште едно засилување од Франција, а следна голема цел е Томас Лемар од Монако.
Арсенал веќе испрати две понуди за Лемар, почна со 30 милиони фунти, па зголеми на 40 милиони фунти, последните информации велат дека ќе испратат и трета понуда која ќе изнесува 45 милиони фунти.
Доколку не успеат да го купат Лемар, Ријад Марез е резервната опција на Арсенал, но и Лестер бара многу за својот најдобар фудбалер.
По сезоната во која не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, се чини дека Венгер е поактивен во летниот преоден рок и би требало да донесе уште неколку квалитетни засилувања во Арсенал.