Челси со потписот на Антонио Ридигер конечно го донесе првото поголемо засилување во летниот преоден рок, но според Анчелоти тоа е премалку.
„Конте ќе биде приморан да промени нешто, тој ја освои Премиерлигата играјќи речиси со иститите фудбалери“ – вели Карло Анчелоти.
„Сега ќе игра и во Лигата на шампионите па ќе му потребно да купи многу нови фудбалери и добро да ги одбере“.
Од Челси си заминаа, Џон Тери, Аке, на пат да го направи тоа е и Диего Коста, а можеби и Немања Матиќ.
Конте мора да донесе нов напаѓач, клубот не успеа да му ја донесе првата цел, Лукаку. Потенцијални засилувања на оваа позиција се Белоти, Обамејанг или Мората.
Како и да е, јасно е дека Челси во летниот преоден рок ќе мора да ангажира најмалку уште 3-4 фудбалери за да биде конкурентен во двете големи натпреварувања.