Импресивните бројки со кои Вејн Руни си замина од Манчестер јунајтед (ФОТО)

by
1 минути читање

Заврши авантурата
на Вејн Руни во Манчестер јунајтед, напаѓачот по 13 години поминати на Олд
Трафорд од следната сезона одново ќе го носи дресот на Евертон.

Англичанецот си
заминува со импресивни бројки, имаше 559 настапи за „Црвените Ѓаволи“ и
постигна 253 гола, од кои долго ќе се паметат волејот против Њукасл и
ножичите на градското дерби со Манчестер Сити.

Тој освои пет
титули од Премиерлигата, титула од ФА купот, три титули од Лига Купот, а се
радуваше и на трофејот од Лигата на шампионите, Лига Европа и Светското клупско
првенство.

Беше избран за
Фудбалер на годината во 2010, два пати беше Најдобар млад фудбалер, и три пати беше
во тимот на годината.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани