Интер нуди 20 милиони евра за фудбалер на Ница

by
1 минути читање

Интер нуди 15 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси за Далбер и се надева дека Ница ќе ја намали сумата од 30 милиони евра која ја бара за дефанзивецот.

Според Скај Спорт Италија, Интер прави притисок со постојани контакти со Ница надевајќи се дека ќе го убеди францускиот клуб да го продаде бразилскиот фудбалер за сума која на нив им одговара.

Ница има договор со Далбер до јуни 2021 година во кој има откупна клаузула од 30 милиони евра.

За фудбалерот има интерес и од Премиерлигата, тој се поврзува со Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани