Неколку играчи ова лето ја напуштија „Римската Волчица“ последен беше Антонио Ридигер, кој денеска го засили Челси за 35 милиони евра, плус 4 додатни милиони во бонуси.
Кевин Стротман на социјалните мрежи го поздрави сега веќе својот поранешен соиграч.
„Ти посакувам мнору среќа во новиот клуб. Ќе ми недостасува борбата од тренинзите и дискусиите во соблекувалната. Но особено ќе ми недостасуваш на теренот“ – напиша Холанѓанецот.
„ПС се надевам дека ќе биде последното збогување ова лето“.
На овој пост коментар остави Раџа Наинголан, кој напиша: „Не знам“.
За Белгиeцот и ова лето има голем интерес, но популарниот „Нинџа“ до овој момент постојано велеше дека е верен на Рома.
Па овој пост ги загржи фановите на Рома, и отвора можност за Интер и Манчестер јунајтед да достават понуда.