Официјално: Руни се врати во Евертон

by
1 минути читање

Вејн Руни е ново засилување на Евертон откако стави потпис на две годишен договор со клубот од Ливерпул.

„Евертон може да потврди дека Вејн Руни се врати во клубот од Манчестер јунајтед, тој потпиша две годишен договор“ – стои во соопштението на клубот.

„Вејн ми ја покажа таа амбиција која ќе ни биде потребна, која ќе ни даде победнички менталитет, тој знае како да освојува титули и среќен сум што тој одлучи да се врати“ – вели тренерот на Евертон, Роналд Куман.

„Тој го сака Евертон и беше очаен да се врати. Има само 31 година и немам сомнеж во неговите квалитети. Фантастично е што е тука“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани