Лукаку открива што му кажал Мурињо кога се слушнале оваа недела

by
2 минути читање

Ромелу Лукаку
имаше лоша епизода со Жозе Мурињо во Челси, „Специјалниот“ не сметаше премногу
на напаѓачот, па најпрво го испрати на позајмица во Евертон за потоа и да го
продаде на „Карамелите“.

Но и покрај тоа,
Белгијанецот е желен за нова соработка со Португалецот.

„Жозе е човек за
кој сакав да играм уште кога имав 10 години, па сега одново ми се укажува шанса да
работам под негово водство
– вели Лукаку.

„Бевме во контакт
изминатиов период. Ми објасни каков клуб е Манчестер јунајтед и што очекува од
мене
.

„Околностите беа
сосема поразлични кога соработувавме првиот пат
.

„Тогаш, бев младо
момче, и имав голема желба да играм. Тој ја разбра мојата одлука и затоа тогаш ме продаде
.

„Сега имам 24
години и сум возрасен маж. Забележа како созреав низ годините, и навистина сум
среќен што ми даде нова шанса
.

„Сака да ме
направи подобар играч, и тоа е добро, секогаш сакам да бележал прогрес
.

„Немам освоено
голем трофеј, и верувам дека тој е правиот човек кој ќе ми помогне на да се
радувам на титули
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани