Фасоне и Мирабели следната недела патуваат за Дортмунд, ќе бидат ли доволни 60 милиони евра?

by
2 минути читање

„Росонерите“ веќе
потрошија преку 100 милиони евра за седум засилувања, но Милан не застанува
тука.

Клубот од Сан
Сиро сака да приреди трансфер бомба и да го врати во своите редови Пејер Емерик
Обамејанг.

Се говори дека
првичен контакт е остварен со таткото на играчот, кој побарал плата од 12
милиони евра по сезона, но Милан е подготвен да оди до бројката од 8 милиони
евра.

Ова не е
единствен проблем за „Росонерите“, Борусиај Дортмунд бара околу 80 милиони евра
за напаѓачот, сума која ја понуди Тианџин Куанџиан.

Генералниот
извршен директор, Марко Фасоне и спортскиот директор Масимо Мирабели во
следните неколку дена ќе отпатуваат за Дортмунд и на „Милионерите“ ќе им
презентираат понуда вредна 60 милиони евра.

Милан се надева
дека оваа сума ќе биде доволна бидејќи Пјер Емерик Обамејанг не сака трансфер
во Кина и со тоа предлогот на Тианџин Куанџиан нема некоја голема важност.

Во преговорите потоа ќе се вклучат и новите сопственици на Милан, кога двата клуба ќе се сретнат во Кина во рамките на Интернационалниот куп на шампиони.

Но не се искучува
можноста Челси да им ги помати сметките, „Сините“ се во потрага на нов
голгетер, а откако го загубија Ромелу Лукаку сега имаат неколку нови желби
помеѓу кои Алваро Мората, Андреа Белоти и Пјер Емерик Обамејанг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани