135
Натпреварот меѓу Аталанта и Комо требаше да го затвори петтото коло на Серија А, меѓутоа истиот нема да се одигра.
Причината за такво нешто е обилниот дожд кој го зафати пределот Бергамо во предградието на Милано. Невремето првично го натера главниот судија да го помести стартот на натпреварот. Неколку пати претставници на тимовите и судијата Тремолада доаѓаа на теренот да ги видат условите.
Иако се предвидуваше дека ќе има услови за игра еден час подоцна од првичниот план, поточно во 21:45, тоа не е случајот.
Конечната одлука на официјалните лица е натпреварот да се одложи за 24 часа, па ќе се одигра во вторник вечер во 20.45 часот.