Барселона потврди дека Марк андре тер Штеген уште денеска ќе биде опериран, голманот ја скинал пателарната тетива на коленото и ја има една од најтешките повреди.
„Каталонците“ ги потврдија лошите вести, Марк андре тер Штеген ја скинал пателарната тетива на коленото и ќе биде опериран уште денеска.
Голманот лошо доскокна по една нафрлена топка, а уште во прв момент кога виде како изгледа неговото колено, му беше јасно дека станува збор за сериозна повреда.
Докторите кои за медиумите од Шпанија ја коментираа ситуацијата на Тер Штеген, сметаат дека ова е една од најтешките повреди, дури потешка и од скинати вркстени лигаменти на коленото.
Опоравувањето по скината пателарна тетива вообичано оди потешко отколки по скинати вкрстени лигаменти, а и потешко е да предвиде како оди процесот на рехабилитација.
Првичните прогнози велат дека Тер Штеген ќе биде надвор од стројот околу 8 месеци, но се стравува дека паузата може да биде и до една година.