Барселона се најде во проблем поради тешката повреда на Тер Штеген која Германецот ја заработи во вчерашната победа против Виљареал од 5:1.
Уште во прв момент беше јасно дека станува збор за тешка повреда (ТУКА), а подоцна за жал таквите стравувања само се потврдија.
Според очекувањата германскиот чувар на мрежата би требало да биде надвор од терените околу осум месеци, па се шпекулира и дека во Барселона размислуваат за ангажман на нов чувар на мрежата.
Преодниот рок е затворен, па опција за каталонскиот гигант можат да бидат само голманите кои немаат клуб. Се поврзуваше Барса и со екс-голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас (ТУКА), но сега се појави и ново име.
Чилеанецот Клаудио Браво кој ова лето се пензионираше во Бетис порача дека е спремен и да се врати од пензија за да и помогне на Барселона.
„Ако добијам повик, спремен сум да се вратам и од пензија за да и помогнам на Барселона“, изјави Браво.
Член на Барселона, Клаудио Браво беше од 2014 до 2016 година кога си замина по борбата за позицијата прв голман токму со Тер Штеген.