Во втората англиска лига се купуваат фудбалери и за 18 милиони евра!

by
1 минути читање

20-годишниот португалски фудбалер за кого претходно се интересираа и Челси, Манчестер јунајтед и Ливерпул, потпиша за Волвс.

Клубот од Чемпионшип лигата покажува голема амбиција во летниот преоден рок, цели кон враќање во елитата, а за тоа не штеди пари.

Португалскиот фудбалер стави потпис на пет годишен договор со Волверхемптон.

Претходно Волвс го договори Хелдер Коста за 13 милиони евра, а во клубот пристигнаа и Португалците Родерик Миранда, Иван Кавалеро. На позајмица од Порто денес е договорен и Вили Боли.

Сите овие зделки одат преку супер агентот Жорге Мендеш кој ги застапува и Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо.

Не е чудно што Волвс се сврте кон португалскиот пазар, тренер на тимот е Нуно Еспирито Санто кој пристигна токму од Порто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани