Себаљос ја одби Барса за да стане нов „крал“

by
1 минути читање

20 годишниот Даниел
Себаљос со одличната сезона во дресот на Бетис го привлече вниманието на Реал Мадрид.

Фудбалерот од средниот минатиот месец имаше одличен настап на Европското првенство за
фудбалери до 21 година, и беше прогласен за МВП во Полска, па на негова адреса
пристигнаа уште неколку понуди, помеѓу кои од Барселона и Јувентус.

Последните
информации велат дека Шпанецот донел одлука за неговата иднина, Дани Себаљос ја
одбил Барса за да стане нов „крал“.

Според пишувањата на АС и Марка, играчот во понеделник ќе потпише за Реал Мадрид
и ќе се обврзе кон шампионот на Европа во следните шест години.

За услугите на
Даниел Себаљос, „Кралевите“ на Бетис ќе му платат 18 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани