Каква иронија, Мурињо го советувал Челси да не става клаузула за враќање на Лукаку

by
1 минути читање

Челси ја загуби битката со Манчестер јунајтед за купување на Ромелу Лукаку, а се можеше да биде поинаку доколку не го послушале советот на Мурињо кога го продаваа белгискиот напаѓач во Евертон.

За време на преговорите помеѓу Челси и Евертон, раководството на лондонскиот тим имало идеја да стави клаузула за враќање на Лукаку, каква што имаше Реал Мадрид при продажбата на Мората во Јувентус.

Челси бил подготвен да го продаде Лукаку за помала сума доколку во договорот биде вметната клаузула за враќање на фудбалерот на Стемфорд Бриџ.

Но, Мурињо сметал дека Лукаку нема да го достигне потребното ниво за да се врати во Челси и рекол дека нема потреба од таква клаузула. Раководството планирајќи долгорочна иднина со Португалецот, го послушало неговиот совет.

Доколку имаа таква клаузула во договорот, Челси ќе имаше опција прв да го купи Лукаку и тоа по многу пониска цена од онаа која Евертон ја бараше за напаѓачот.

А Мурињо, кој тогаш сметаше дека Лукаку нема да биде напаѓач од светска класа, сега го купува во Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани