Првиот човек на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин во медиумите зборуваше за тешкиот пораз на Динамо Загреб од Баерн во Лигата на шампионите.
Динамо беше декласиран од германскиот гигант со 9:2, но Чеферин вели дека тоа не е катастрофа и потсети на поразот на Барселона исто така од германскиот гигант.
„Треба да се знае дека не беше катасторфа. Во еден момент резултатот беше 3:2, можеше да биде и 3:3. Но, фудбалот е таков. Не заборавајте што и се случи на една Барселона, Баерн ја победи со 8:2, имаа играчи во тимот како Меси и Суарез. Исто така не играа во Минхен, туку во Лисабон“, изјави Чеферин.
Новиот формат го оцени како добар и вели дека е задоволен.
„Навистина сме задоволни, има критичари во секоја работа. Верувам дека овој систем ќе биде многу непредвидлив и интересен. Со нетрпение го чекам продолжението“, истакна претседателот на УЕФА.