Се потврдија црните најави за Марк Андре Тер Штеген, сезоната за германскиот голман е завршена.
Тер Штеген незгодно доскокна по еден корнер и веднаш се фати за коленото по што беше изнесен на носилки. Набрзо по натпреварот најавите дека повредата е од потежок карактер се потврдија.
За Барселона ова е уште еден проблем бидејќи претходно сезоната заврши и за Марк Бернал кој ги повреди предните вкрстени лигаменти и ќе паузира околу една година.
Ќе потсетиме, Гави пред точно една година доживеа повреда поради која се уште не се вратил на терените, но се очекува да настапи во октомври.
Ова значи дека младиот Ињаки Пења ќе го менува Тер Штеген во текот на паузата, а не е исклучена опцијата Лапорта во јануари да доведе нов голман.