Милан подготвува трансфер бомба, за свој поранешен играч плаќа 80 милиони евра

by
1 минути читање

Првиот човек на
Милан, Марко Фасоне оваа недела најави дека тие ќе ангажираат само уште еден
играч откако претходно на Сан Сиро пристигнаа, Матео Мусакио, Франк Кеси,
Рикардо Родригез, Андре Силва, Фабио Борини и Хакан Чалханоглу.

Тоа засилување
беше Андреа Конти од Аталанта, десниот бек во средата потпиша за „Росонерите“.

Но голем број на стории кои пристугнуваат од Италија велат дека работата на трансфер пазарот нема да запре тука.

Скај Спорт
Италија, Медиасет, Спортиталија и Кориере дело Спорт се само дел медиумите кои
велат дека Милан подготвува трансфер бомба.

Се работи за Пјер
Емерик Обамејанг, кој беше дел од школата на „Црвено-црните“ и во 2012 се пресели
во Сент Етјен за само 1,8 милиони евра.

Сега ќе бидат
потребни околу 80 милиони евра за негов ангажман, и наводно Милан ќе обезбеди
добар дел од оваа сума преку продажбата на Карлос Бака и Џанлука Лападула.

Милан исто така е
подготвен да го направи напаѓачот најплатен фудбалер во Серија А со примања од
8 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани