ВМФЛ: Саса остана непоразена во Ѓорче, не победи и Брегалница со Осогово

by Стефан
1 минути читање

Македонија Ѓорче Петров ремизираше на домашен терен против Каменица Саса во рамките од четвртото коло.

Славков ги доведе „лавовите“ во доство со голот во 36. минута. Со минимална предност заминаа на полувреме. Во второто полувреме Таневски по десет минути погоди и донесе изедначување, a тој резултат на крајот се покажа и како конечен.

Брегалница која исто така имаше фаворитска улога не славеше и ремизираше со Осоговор 1:1. Oваа му одговараше на Арсими кој го победи Новаци и се приклучи кон борбата за врвот на табелата.

На останатите средби Борец дома беше подобар од Вардарски со 3:1, Детонит го совлада Скопје со минимални 1:0, Кожуф со 3:2 се радуваше против Гевгелија, а гостинска победа забележа Башкими со Охрид 0:1

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани