Легендарниот Луис Фиго излезе со реакција во јавноста по барањата на фудбалерите да се намали бројот на натпревари.
„Тешко е да се зборува на оваа тема бидејќи е комплицирана. Фудбалерите имаат договор со субјкетот, а ние мораме да го најдеме најдоброто решение за сите страни. Логично е да се зголеми бројот на натпревари, тоа ефект на се што се случува и топката која тргна да се тркала и тешко може да се запре. Колку повеќе натпревари, толку поголеми договори можат да дадат клубовите.
Ако бројот на натпревари се намали тогаш и платите мора да бидат пониски. Затоа е потребно да се направи баланс, меѓутоа тој е тешко да се пронајде“, гласеше изјавата на легендата на португалскиот фудбал.
По неговата изјава се огласи Карло Анчелоти кој застана на страната на фудбалерите, тврдејќи дека тие би прифатиле да имаат помали плати и да се намали бројот на натпревари.
„Ќе го повторам тоа што веќе го кажав. Фудбалот мора да забави, погледнете што се случува, се игра премногу. Играчите мораат да играат помалку за да избегнат повреди, нема да имаат проблем ако им се намалат и платите“, изјави Анчелоти.