Екипата на Динамо Загреб пред два дена доживеа вистински дебакл во Лигата на шампионите каде што Баерн Минхен ги победи со неверојатни 9:2.
Пред натпреварот со Баерн, Динамо запиша пораз и во домашното првенство каде што Хајдук беше подобар со 1:0. По таквите резултати цената ја плати тренерот Сергеј Јакировиќ кој беше отпуштен.
За ситуацијата во Динамо сега зборуваше легендата на хрватскиот фудбал, Илија Лончаревиќ кој искажа поддршка за Јакировиќ.
„За еден тренер ова е трауматично искуство, но за Јакировиќ е подобро што замина. Ова е ситуација од која тешко може да се излезе со задоволство на двете страни“, изјави Лончаревиќ.
Според Лончаревиќ заменикот треба да биде именуван колку што е можно побрзо.
„Тешко е да се изберат вистински кандидати. Ќе го поддржам секој кој ќе биде поставен. Но, на Динамо сега му е потребна цврста рака бидејќи екипата е во хаос. Во овој момент владее траума и депресија“, заврши Лончаревиќ.