Официјално: Иван Перишиќ потпиша со ПСВ, но нема да игра во ЛШ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Иван Перишиќ стави потпис на договор со холандскиот гигант ПСВ Ајндховен.

Хрватскиот ветеран летово се раздели со Хајдук и сега парафира едногодишна соработка со клубот од Ајндховен. Перишиќ како што беше најавено пристигна во ПСВ за да го комплетира трансферот, откако му пропадна трансфер во италијанскиот калчолигаш Комо.

И покрај тоа што дојде како слободен агент и нема настапи за ниту еден клуб сезонава во Европа, листите за Лигата на шампионите се веќе затворени. Поради тоа ПСВ нема да може да го користи Перишиќ во елитното натпреварување, туку само во првенството и домашниот куп, како и евентуално во плеј-оф фазата на Лигата на шампионите.

Перишиќ во кариерата освен за Хајдук играше за Тотнем, Баерн, Интер, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Клуб Бриж, Розелар и Сошо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани